Одржан петтиот Марш на толеранцијата — Македонија има љубов за сите

Одржан петтиот Марш на толеранцијата — Македонија има љубов за сите

Минатата сабота, под слоганот „Македонија има љубов за сите — насилството не почнало и нема да заврши со мене!“, се одржа петтиот Марш на толеранцијата.

На 16 ноември 2013 година, пред Владата на Република Македонија, беше одржан петтиот по ред Марш на толеранцијата. Организатори на маршот беа Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ и ЛГБТ-центарот за поддршка, а во реализацијата на маршот се придружија: Х.Е.Р.А., асоцијација за здравствена едукација и истражување; Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“; Субверзивен фронт, здружение за критички пристап кон родот и сексуалноста; Tiiiit! Inc., женско движење; СТАР-СТАР, граѓанска иницијатива за промоција и унапредување на правата на сексуалните работници, Terra Floria, здружение за заштита на животната средина; Паркобрани; Плоштад Слобода; Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство; ХОПС — опции за здрав живот; Анима мунди, здружение за заштита на животните; Националниот ромски центар, Центарот за слобода „Цивил“, како и Младинскиот образовен форум.

Под слоганот „Македонија има љубов за сите — насилството не почнало и нема да заврши со мене!“, годинашниот марш, кој се организира по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на толеранцијата, беше посветен на правото на живот без насилство. Повеќе од 150 граѓани се упатија од просторот пред Владата на РМ, по улица „Македонија“, преку истоимениот плоштад и преку Камениот мост, до платото пред стоковната куќа „Мост“, повикувајќи на запирање на насилството, кое станува секојдневие во македонското општество. Претставниците на граѓанските здруженија-организатори на маршот, упатија апел до државните институции да ги санкционираат сите акти на насилство, особено оние врз маргинализираните, исклучените и ранливи општествени групи, кои и најчесто се жртви на насилство.

Во таа насока, само во изминатата година, бројот на случаи на насилство врз ЛГБТ-лицата беше забележливо зголемен поради зголемената видливост на ЛГБТ-темите во јавниот дискурс. Минатата година, на истиот Марш на толеранција, беа нападнати двајца активисти; самиот ЛГБТ-центар за поддршка беше мета на напади неколку пати од основањето во октомври 2012, а домот на еден млад актер, којшто отворено се произнесе како хомосексуалец, беше каменуван двапати. Беше забележано и семејно насилство мотивирано од хомофобија, а хомофобичниот говор на омраза беше многу присутен во јавниот простор, особено на социјалните медиуми.

Македонија не ги вклучува експлицитно сексуалната ориентација и родовиот идентитет во Законот за заштита и спречување на дискриминација. Кривичниот законик не препознава злосторства мотивирани од хомофобија и трансфобија, а и говорот на омраза заснован на сексуална ориентација и родов идентитет, исто така, е правно несанкциониран. Случајот со претепаните тројца малолетници на организираната т.н. „Контрагеј парада“ во јуни годинава е само еден од многуте случаи, во кои отсуството на законски санкции на злосторствата мотивирани од хомофобија и трансфобија дава простор ваквото насилство да се ефектуира. Едновремено, и отсуството на експлицитна осуда на хомофобичните злосторства од страна на политичкото водство, во спрега со засилените хомофобични реторики во јавниот дискурс и евидентната хомофобија во образованието, само го легитимираат насилството врз ЛГБТ-лицата.

Наспроти уочената состојба, Маршот на толеранцијата е еден од ретките видови протести каде непривилегираните, исклучените, маргинализираните и ранливите општествени групи се обединуваат во повикот за толеранција и почитување на различностите.

Антонио Михајлов

Фотографии: Елена Фидановска

СПОДЕЛИ КОМЕНТАР

Скорашни содржини

Дводневна обука за CV, мотивациско писмо, интервју за работа и компјутерски вештини

Дводневна обука за CV, мотивациско писмо, интервју за работа и компјутерски вештини

Младите можат заедно со младите иницијативци од општина Карпош, во рамките на проектот Младински локални иницијативи – Карпош организира дводневна обука за CV, мотивациско писмо, интервју за работа и комуникациски вештини.

Соопштение од Професорскиот Пленум во врска со потпишувањето на указите од претседателот Иванов

Соопштение од Професорскиот Пленум во врска со потпишувањето на указите од претседателот Иванов

На 21-ви јануари, 2015 година, претседателот Ѓорѓе Иванов ги потпиша указите за прогласување на законите во областа на образованието, донесени на 14-ти јануари.

Професорскиот пленум изразува цврста и недвосмислена поддршка на СОНК!

Професорскиот пленум изразува цврста и недвосмислена поддршка на СОНК!

Професорскиот пленум изразува цврста и недвосмислена поддршка на СОНК како организација и на секој негов член и членка, охрабрувајќи ги да го искористат своето уставно право на штрајк.

Разликата помеѓу добриот и одличниот веб-дизајн

Разликата помеѓу добриот и одличниот веб-дизајн

Разликата помеѓу добриот и одличниот веб-дизајн Како еден добар веб дизајн да стане одличен веб дизајн?

Македонските медиуми претесни за ЛГБТИ темите

Македонските медиуми претесни за ЛГБТИ темите

На 19 јануари беше одржана конференција на која беа презентирани резултатите од истажувањето под наслов „Претставувањето на родовите малцински групи во медиумите: Србија, Црна Гора и Македонија.“

Конкурс за превод на песна – Ш8

Конкурс за превод на песна - Ш8

Списанието „Ш“ за првпат објавува конкурс за превод. Право на учество има секој, без ограничувања во возраста или во професијата.

Пиши ни го своето мислење